Вовед
Науката
која се занимава со проучување на коскениот систем се нарекува остеологија.
Сите коски заедно, кои се споени со помош на зглобови, го градат скелетниот
систем. Коската (os), претставува најцврст орган во човечкиот организам. Со
својата функција обезбедува стабилност и отпорност на притисоците (presio) и
истегнувањата (tractio), кои доаѓаат како од внатрешни, така и од надворешни
сили, на кои човечкиот организам е подлежен во текот на целиот свој
живот.Формата и функцијата на коските зависи една од друга, бидејќи е условена
од нејзината местоположба. Оттука и некои коски се поцврсти, а со тоа и
поотпорни на негативните надворешни влијанија кои настојуваат да го променат нивниот
интегритет, а други коски се помалку цврсти, а со тоа и помалку отпорни на
негативните влијанија. Сите коски (освен подјазичните) меѓу себе се зглобуваат.
На тој начин, формираат сегментарна целина, неопходна за живот и работа.
Во
човечката глава (caput) е горниот дел од телото на човекот. Главата се граничи
кон вратот со линија која оди по долниот раб на долната вилица, долниот раб на
надворешниот ушен отвор и мастоидниот продолжеток и преку горната тилна
линија(linea nuchae superior), доаѓа до надворешно тилно испакнување
(protuberantiaoccipitalis externa).
На
главата се разликуваат два дела: череп (cranium) и лице (facies). Лицето на
преднодолниот дел од черепот, се граничи од него со линија која оди од коренот
на носот, па преку горниот раб на орбитата и работ на јагодичната коска доаѓа
до долниот раб на надворешниот ушен отвор.
На черепот се
разликуваат черепен свод (calvaria) или долен дел или база( basis cranii).
Базата е
поделена на три черепни јами: предна, средна и задна и на неа се забележуваат
бројни отвори и канали за премин на нервни и крвни садови. Коските што ја
градат черепната база се потенки и почесто се кршат. Скелетот на черепот е
составен од осум коски и тоа две парни и четири непарни.
Парни се :
Непарни коски:- темена
- слепоочна
- челната
- ситестата
- клинестата и
- тилната коска
Коскената основа на
главата е наречена череп. Тој е поделен на два дела:
- Коски на череп
- Коски на лице
Коски на череп
Челна коска (os frontale) го зафаќа предниот дел на
главата. Оваа коска е дел и од покривот за очите и носните празнини. Во оваа
коска има празнини кои се поврзани со носните празнини. Овие синуси заедно со
другите што се блуску до носот се наречени параназални мускули.
- Двете темени коски (os parietale) го составуваат најголемиот дел од врвот и страничниот дел на краниумот.
- Двете слепоочни коски (os temporale) составуваат дел од страната и основа на черепот. Во себе имаат по еден астроиден синус кој е место за ушниот канал, ушното тапанче и целото средно и внатрешно уво. Мастоидните продолженија како слепоочни испупчени делови, надолу ги заштитуваат надворешните делови на очите и се место на кое се поврзуваат мускулите.
- Ситеска коска (os ethmoidale) е многу лесно кршлива коска сместена меѓу очите. Таа учествува како среден вид на очните вдлабнатини, а мал дел се наоѓа во основата на черепот, а дел и на покривот на носната празнина. Таа има неколку воздушни простори што се дел од параназалните синуси. Оваа коска составува голем дел од носната преграда.
- Клинеста коска (os sphenoidale), се наоѓа во основата на черепот пред слепоочните коски. Кога се гледа одозгора, е слична на лилјак со раширени крилја.
- Тилна коска (os occipitale) претставува дел од задната страна и дел од основата на черепот. Во основата на тилната коска е сместен голем отвор (foramen magnum) преку кој се поврзуваат черепниот и ’рбетниот мозок.
Коски на лице
Долната вилица
(mandibula) е единствена подвижна коска на черепот.
- Засебните горни вилици на средината се споени и ја создаваат горната вилица (maxilla). Секоја горна вилица има голем воздушен простор, нарече максиларен синус, кој е сврзан со носната празнина.
- Двете јаболчни коски (os zygomaticum) се наоѓаат на двете страни на лицето.
- Оваа коска го создава испупчувањето на образите.
- Парните носни коски(os nasale) се издолжени и се сместени една до друга, при што ја создаваат носната преграда.
- Двете солзни коски (os lacrimale) се големи колку ноктот на прстите. Сместени се до аголот на очите и го создаваат средниот ѕид на очната празнина.
- Ралото (vomer) е коска што личи на лемеш на плуг, а го составува најмалиот дел на носната празнина.
- Парните непчеви коски (os palatinum) се поставени хоризонтално и странично на носната празнина. Дел на ситестата коска се и споените горни и средни школки.
Мускули на
глава
Мускулниот систем е
органски систем кој ги сочинува сите мускули во телото. Тој го претставува
активниот дел од системот за движење, покрај скелетот, кој е пасивен дел од
овој систем.
Мускулниот систем е збир
од мускули преку кој се остваруваат сите движења на телото или на неговите
делови. Морфолошки и физиолошки се разликуваат три вида на мускули:
напречно-пругасти, мазни и срцевиот мускул како посебен.
Мусклулите на главата ги
сочинуваат две големи мускулни групи:
- Површински или поткожни мускули
- Длабоки или џвакални мускули
Површинските мускули се
тенки ремни и лежат во поткожното ткиво на лицето и черепот. Со исклучок на
мускулите на образот тие немаат фасцијална обвивка и различно се резвиени кај
поединците. Овие мускули се придаваат на
коските, `рскавицата и на длабоката страна на лицето и черепот.
Сите се
инервираат по гранки на фацијалниот нерв, па при негова повреда доаѓа до
парализа на повеќе мускули. Овие мускули учествуваат во отварање и затварање на природните
отвори околу кои се локализирани, кои дејствуваат во џваќање, голтање и говор,
а покрај тоа даваат и карактеристечен израз на лицето па поради тоа тие уште се
нарекуваат и мимички мускули.
Длабоки или џвакални
мускули на главата првенствено се вклучени во процесот на џваќање на храната и
претставуваат анатомска , физиолошка и ембрионска целина.
Тие се
прикачуваат на черепот и долната вилица и се инервирани од страна на
страничната гранка на мандибуларниот нерв. Овие мускули учествуваат во јадење, зборување,
подигање и
спуштање на мандибулата ...
Заклучок
Коските на черепот се
можеби најпрепознатливи од сите коски. Тие ја дефинираат и одржуваат формата на
човечката глава. Черепните коски создаваат мазна и заоблена површина, а имаат
за цел да го заштитат мозокот кој е сместен во черепната празнина. Коските на
лицето се препознатливи по нивната очигледна поставеност кај очите, носот и
устата. Коските на лицето се поставени како рамка на подршка на лицевата
структура. Доколку дојде до деформитет на коските на лицето ќе дојде и до
деформирање на лицевата структура кај човекот. Покрај очигледната функција за
давање на потпора и форма на човековото тело, исто така коските се одговорни и
за складирање на мастите во медуларната шуплина, како и за складирање на
минералите за здраво функционирање на телото и и производството на црвени крвни
клетки во коскената срцевина.
Mnogu dobro
ReplyDelete